Русија испраќа научници и доктори во срцето на епидемијата на омикрон

Рускиот претседател Владимир Путин и јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса разговараа за новиот вид на корона – омикрон, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин и Рамафоса се договорија во наредниот период да испратат група руски виролози, епидемиолози, истражувачки соработници и лекари во Јужноафриканската Република, како и санитарно-епидемиолошки лаборатории и друга медицинска опрема.

Google search engine

Рамафоса изрази благодарност за подготвеноста на Москва тесно да соработува во борбата против корона вирусот.

Варијанта на корона вирусот Б.1.1.529, која го доби името омикрон, беше откриена на крајот на ноември во Јужноафриканската Република. Експертите веруваат дека е опасен затоа што се шири побрзо од другите видови што се појавиле досега, како и дека има поголем број мутации .

Во Русија моментално има два случаи на омикрон вирус, а двајцата пациенти го донеле вирусот од Јужна Африка.

- АУДИО РЕКЛАМА -