Само капитулација на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина, порача денеска Москва, откако во текот на викендот беше одржан состанок во Саудиска Арабија кој не донесе напредок по прашањето за ставање крај на војната во Украина.
„Уверени сме дека навистина глобално, трајно и праведно решение е единствено можно ако режимот во Киев ги сопре непријателствата и терористичките напади“, рекла портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова. „Новата територијална реалност треба да се признае, треба да се обезбеди демилитаризација и денацификација на Украина“, додала таа.

Што бара Москва?
Захарова нагласила дека Москва бара потврда на оригиналните темели на суверенитетот на Украина: Нејзин неутрален, неврзан и ненуклеарен статус. Тие барања, кои Москва веќе ги објави во моментот кога во февруари 2022-ра година ја започна офанзивата, Киев ги отфрли.

Захарова тоа го кажала откако во текот на викендот во саудискиот град Џеда беа одржани разговори за Украина, на кои имало делегации од западните земји, брзорастечки економии блиски до Москва како Индија и Кина, но не и Русија.
Долг разговор без напредок
Долгите разговори меѓу делегациите не довеле до напредок кога станува збор за војната, но немало ни завршни изјави.
Иако Захарова денеска изјави дека Москва многу го цени посредувањето на нејзините пријатели, нагласи дека мирно решение е невозможно на основа на мировната формула која ја предложи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Мировната формула на Зеленски е бесмислен ултиматум за Русија“
„Ниедна од неговите 10 точни нема за цел пронаоѓање на преговарачко и дипломатско решение на кризата, а сите тие се бесмислени ултиматуми за Русија, кои имаат за да ги продолжат непријателствата“, рекла Захарова.
Дводневниот состанок бил дел од дипломатското настојување на Украина, со своите главни западни сојузници кои и ѝ даваат поддршка, да допре до земјите на глобалниот југ кои не сакале да заземат страна во судирот, иако ја нарушил глобалната економија.
Близок до Москва и Вашингтон, Ријад се обидува да го зголеми своето влијание на меѓународната сцена.
Кон средината на мај Зеленски ја посети Џеда во текот на самитот на Арапската лига, велејќи дека му се заблагодарува на престолонаследникот Мохамед бил Салман на неговата поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.