Русија го надмина Иран и од денес е држава со најмногу санкции во светот: Москва изолирана од Европа и светот!

Русија од денес и официјално ги надмина Иран и Сирија и стана држава со најголеми санкции во светот, пишува BBC, повикувајќи се на веб-страницата за мониторинг на санкции Castellum.ai.

Според информациите на веб-страницата, 2.754 санкции веќе биле на сила против Русија уште пред почетокот на инвазијата односно од 22 февруари.

Google search engine

Во деновите по инвазијата на Украина, биле воведени уште 2.778 санкции, со што вкупниот број на санкции достигнал 5.532 – повеќе од 3.616 санкции кој се воведени кон Иран и така Русија го истисна Иран од првото место.

Инаку, Соединетите Американски Држави беа примарен извор на санкции, а потоа следеше голем удел на санкции од Велика Британија и ЕУ.

 

ПретходнаМосква се закани дека ќе го прекинат снабдувањето на Европа со гас преку Северен тек 1
СледнаИсто како во Косово: Украина лежи на едно од најголемите наоѓалишта на “незаменлив” метал во светот! “Тоа можеби не е причината за инвазијата, но…”