Како дел од поширокиот спор меѓу државата Русија и американскиот технолошки гигант Гугл, судот во Москва му изрече парична казна на Гугл Алфабет Инк. во износ од 3 милиони рубљи (400.386 долари), бидејќи не ги избришал содржините што се сметаат за нелегални во Русија.
Минатиот месец Русија се закани дека ќе го казни Гугл со одреден дел од годишниот приход на компанијата генериран во Русија бидејќи во неколку наврати не успеал да ги избрише забранетите содржини на својот пребарувач и на YouTube.
Оваа закана се смета за најрешителниот потег на Москва досега во обид да ги спречи странските технолошки компании.
Гугл, кој минатиот месец објави дека платил повеќе од 32 милиони рубљи казни, не одговори веднаш на барањето на Ројтерс да ја коментира денешната одлука на судот во Москва.
Русија оваа година наметна неколку помали казни за американските технолошки компании, а државното регулаторно тело за комуникации Роскомнадзор ја забави оперативната брзина на Твитер во март.