Роверот бил во кратерот кој што е наречен Језеро, локација за која што се смета дека пред 3.5 милијарди години имала езеро со ширина од околу 50 километри во пречник.
По 7-месечното патување во вселената и милијарди вложени долари, синоќа на Мaрс слета роверот на NASA со задача да утврди дали воопшто постои живот надвор од планетата Земја.
NASA соопшти дека роверот, наречен Истрајност, го завршил и последниот, најризичен дел од својот пат и дека синоќа успешно слетал на површината на Црвената планета на која што ќе собира геолошки примероци кои ќе ги донесе на Земјата, за околу 10 години каде што ќе бидат анализирани во потрага по древните облици на живот.
Слетувањето на роверот било најризичен дел од операцијата со оглед на тоа што влегол во атмосферата на Марс со брзина од 19.500 километри на час.
Покрај роверот на NASA, во јули минатата година кон Марс полета и леталото UAE од Кина.
Доколку на Марс некогаш имало живот, тоа се случило пред три до четири милијарди години кога на таа планета сè уште имало вода, сметаат научниците.
Оваа мисија за Марс на NASA ja чинела три милијарди долари.


