Роналдо и неговото семејство се заштитени од близнаци кои се бореле во Авганистан

Кристијано Роналдо и неговото семејство се заштитени од страна на близнаците кои служеле војска во елитната единица на специјални сили во Авганистан.

Браќата се видени со напаѓачот на Манчестер Јунајтед во септември додека се подготвувал да отпатува во Швајцарија со остатокот од тимот на натпревар од Лигата на шампионите набрзо откако ги ангажирал.

Google search engine

Еден од близнаците е забележан на роденденската прослава во Мадрид која неговата бремена партнерка Џорџина Родригез ја организирала за нивната ќерка Алана Мартина.

Оваа седмица откриен е идентитетот нивни односно Серхио и Хорхе Рамалхеиро, а тие двајца се поранешни војници кои служеле во Авганистан и кои станале дел од португалската полиција која има задача да ги набљудува политичарите и судиите.

Славниот португалски магазин Флеш објави дека Кристијано ги изнајмил близнаците откако побарале да одат на неплатено отсуство од полиција. За третиот брат, Александар сѐ уште се смета дека работи како полицаец.

Британските медиуми пишуваат дека 36-годишниот фудбалер преземал чекори за да го засили своето обезбедување откако бил предупреден дека ќе стане магнет за криминални напади.