Доналд Трамп убедливо ќе победи во трката за републиканската номинација за претседателските избори во 2024 година, доколку одлучи да се кандидира, рекол републиканскиот сенатор Мит Ромни.
Ромни се смета за еден од најголемите противници на Трамп во Републиканската партија, а неодамна гласаше и за неговото отповикување во Сенатот, под обвинение дека поттикнал бунт за време на нередите во Вашингтон на 6 јануари.
– Трамп има најсилен глас и големо влијание во мојата партија. Не знам дали планира да се кандидира во 2024 година, но ако се кандидира, сигурен сум дека ќе ја освои претседателската номинација, рекол Ромни.
Сенаторот од Јута додаде дека „сѐ може да се случи до 2024 година“, но дека мисли дека Доналд Трамп „убедливо ќе победи меѓу републиканците“, пренесува Њујорк пост.