Rolls-Royce го произведува најголемиот авионски мотор на светот

Британската компанија Rolls-Royce соопшти дека е започнато производството на најголемиот мотор на светот наменет за авионите.

Моторот наречен Ultrafan има пречник од 3,5 метри, а неговата цел е да помогне во редефинирањето на одржливото воздушно патување во следните години.

Google search engine

Проектот го поддржуваат британската и германската влада, а делови се произведуваат во Бристол во Велика Британија и Далевиц во Германија. Потоа, деловите се доставуваат во фабриката на Rolls-Royce во Дерби каде што се комплетира целиот процес.

Новиот мотор ќе биде за 25% поштедлив во однос на првата генерација на Trent моторите, а тоа е исклучително важно за авијацијата. Со намалената потрошувачка ќе се заштеди доста гориво, но и самиот премин кон употребата на други типови на горива во иднина ќе биде олеснет.

Исто така, овој мотор ќе биде основата за потенцијално ново семејство на UltraFan мотори кои ќе ги добијат идните најмодерни авиони.