Рок ѕвездата Аксел Роуз ги шокираше фановите со својот изглед

Кон крајот на 80-те години, „MTV“ ги катапултираше „Guns’N’Roses“ како најнова атракција на стадионскиот рок звук.

Денес тие се една од најголемите рок атракции на светот, но се чини дека животот како рок ѕвезда влијаел на фронтменот Аксел Роуз.

Google search engine

Неодамна Роуз заедно со американската пејачка Кери Андервуд настапи на фестивал во Калифорнија на кој заедно ги отпеаја хитовите „Sweet Child O’ Mine“, „Paradise City“ и „Welcome To The Jungle“. Своевремено миленикот на многу жени ширум светот шокираше многумина со својот изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guns N’ Roses (@gunsnroses)

Видливо е дека цртите на лицето му се измениле во текот на годините, а тоа е поради бројните пластични операции. Роуз очигледно не сакал да се помири со фактот дека старее, па се обидел да ги прикрие трагите со бројни естетски зафати што го направиле непрепознатлив.

Освен што со текот на годините ја зголемил телесната тежина, тој направил операција на носот, вградил импланти во образите и направил затегнување на лицето.

Славниот рок пејач во една прилика посетил боксерски меч во Лос Анџелес заедно со холивудската ѕвезда Мики Рурк. Заедничката фотографија го обиколи светот, а корисниците на социјалните мрежи не можеле да поверуваат како изгледаат и двајцата.

Вниманието на медиумите, покрај „новото“ лице, го привлекува и неговата животна приказна. Имено, мајката на Аксел, Шерон Линтнер го родила уште во средно училиште, а татко му го напуштил семејството откако Роуз наполнил 2 години. Една година подоцна, неговата мајка се премажила за свештеникот Стивен Бејли, па Роуз го користел неговото презиме (Вилијам Бејли).

Семејството одело во црква најмалку 3 пати неделно, а Бејли бил исклучително строг и склон кон казнување. Го терал Аксел да ја чита Библијата, па тој често му помагал во текот на проповедите. Во црква научил да свири клавир и да пее, но веќе до 18-та година бил „ноќна мора“ за полицијата во градот Лафајет во кој пораснал. Во досието имал 20 апсења (тепачки, деликвенција, опивање во јавност и вандализам).

Од детство се бори со психоза која лекарите му ја дијагностицирале уште кога бил дете.