Директорот на руската државна вселенска агенција “Роскосмос”, Дмитриј Рогозин и се заканил на Црна Гора со интерконтинентален балистички проектил бидејќи го затворила својот воздушен простор за авионот кој требало да го однесе рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Белград, пишува порталот “RTCG”.
Лавров требало да се состане со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но посетата била откажана по затворањето на возушниот простор. Рогозин после тоа се огласил на Твитер.
Вот чем хорош "Сармат"? Он у трусливых болгар, злопамятных румын и предавших нашу общую историю черногорцев согласие на пролёт спрашивать не будет. Равно как и у прочих шведов.
— РОГОЗИН (@Rogozin) June 5, 2022
„Знаете за што е добар Сармат? Од кукавичките Бугари, одмаздољубивите Романци и Црногорци, кои ја предадоа нашата заедничка историја, нема да бара согласност за лет“, напишал Рогозин.

„Сармат е името на руската интерконтинентална балистичка ракета“, наведува “RTCG”.
Според информациите кои ги објавиле медиумите, а кои ги потврдила портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, воздушниот простор за авионот на Сергеј Лавров го затвориле Црн Гора, Македонија и Бугарија.