Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, денеска ги презентираше наодите на вонредната седница од анализата на дистрибуираниот мазут и други течни горива и при тоа ги соопшти компаниите на кои ќе им биде одземена лиценцата.
– РКЕ отпочна постапка за одземање на лиценци за трговија со нафтени деривати, поради непоседување на оперативни резерви на мазут, извести првиот човек на регулаторното тело.
Станува збор за компаниите Пертинакс, РКМ, Ли-Оил Кавадарци и Супертрејд, а лиценцата им се одзема поради непоседување на оперативни резерви на мазут, пренесува Фактор.
Неправилностите се утврдени од Државниот пазарен инспекторат, а овие оператори не поседувале пет дневни резерви за потрошувачката во 2020, кои требало да ги обезбедат.