Рита Ора „уловена“ во непријатна ситуација: Врска или само авантура?

Оние кои вчера на социјалната мрежа Твитер забележале дека името на британската пејачка родена во Приштина – Рита Ора (30) се споменува, воочиле дека причината за тоа не е нејзината нова песна или пак некој скандал по кој е позната.

Имено, таа во Австралија била „уловена“ во една необична ситуација.

Google search engine

Како што пренесуваат странските медиуми, во неделата пред домот на Таика Ваитити (45), новозеландскиот режисер и актер со кој Рита подолго време е во врска, настанале фотографии на кои гледаме како овој пар разменува нежности, но со нив била и актерката Теса Томпсон (37).

Претходно таа отворено зборувала за тоа како ја привлекуваат припадници од двата пола, а и самата Рита Ора во една прилика изјавила дека имала „романтични врски со жени“.

Инаку, Рита и режисерот официјално се пар од средината на месец април, кога заедно се појавиле на еден настан.