„Rimac Grupa“ добила огромна инвестиција – дури половина милијарди евра

„Rimac Group“ во последниот круг инвестиции собрала 500 милиони евра, било соопштено од компанијата.

Со тоа пазарната вредност на компанијата надминува две милијарди евра.

Google search engine

Новите инвеститори се светски познатите компании „Softbank“ и „Goldman Sachs“. Досегашните инвеститори „Porsche“ и „InvestIndustrial“ учествувала во овој круг на инвестиции, пренесува „Index“.

„Goldman Sachs“ е позната американска инвестициска банка со повеќе од 150 години историја, а „Softbank“ е јапонска мултинационална корпорација фокусирана на инвестиции во технолошкиот сектор. Двете компании се звучни инвестициски имиња кои носат и одреден престиж.

Свежиот капитал ќе биде искористен за продолжување на растот на компанијата, зголемување на производниот капацитет и дополнителни вработувања, се наведува во соопштението на „Rimac Group“.

Посебен фокус ќе има на ширењето на работата на компанијата „Rimac Technology“, дел од „Rimac Group“ кој се занимава со производство на технолошки компоненти за други произведувачи, како што се батерии за електрични автомобили, електрични погонски склопови, компоненти на кориснички интерфејс и друго.

„Почестени сме со поддршката од значајни нови инвеститори како што се „Softbank Vision Fund 2“ и „Goldman Sachs Asset Management“, кои и веруваат на нашата визија. Благодарни сме и на „Porsche“ и „InvestIndustrial“ кои досега играа важна улога во нашите успеси, а сега ја зголемија својата поддршка со нови вложувања“, истакнал Мате Римац.

Овој инвестициски круг беше многу успешен, за што доволно зборува износот од 500 милиони евра. Наводно имало пет пати поголем интерес од тоа што „Rimac Group“ се надевала да добие од инвестиции.

За „Porsche“ ова е четврти пат да инвестира во компaнијата, што, според неговите тврдења, е реткост бидејќи големите компании во главно се разочаруваат по инвестирањето во мали компании. Судејќи по изјавите, и новите инвеститори се задоволни.

„Сведочиме брз раст на побарувачката за електрификација во индустријата која се соочува со значајни предизвици во приспособувањето кон технолошките промени. „Rimac“ брзо се етаблираше како водечки EV технолошки партнер во глобалната автомобилска индустрија во транзицијата кон електричната иднина. Среќни сме што можеме да го поддржиме Мате и неговиот тим во понатамошниот успех и кревањето на „Rimac“ на ново ниво“, рекол Џими Мекдоналд, инвеститор од „Softbank“.