Ријана во најразголено трудничко издание досега: На ревија се појави во долна облека

Ријана го покажа најпровокативниот труднички изглед досега, додека присуствувала на ревијата на „Dior“ на „Paris Fashion Week“ во вторникот.

По ревијата во Милано, пејачката продолжува да ги поместува границите на стилот, па во Париз се појавила во проѕирен мрежест костим на дизајнерската изложба на женска облека за есен/зима 2022/2023.

Реклама

Охрабрувајќи се да носи долна облека како облека, Ријана, која минатиот месец објави дека го очекува своето прво дете со АСАП Роки, ги покажа своите облини во бременоста.

Таа неодамна откри дека моментално ја промовира идејата за секси трудница.

„Моментално работам на промовирање на идејата дека трудниците сè уште изгледаат привлечно, иако околината ве тера да го правите спротивното, да сoкриете нешто. Затоа се обидувам да носам работи за кои можеби немав доволно самодоверба да ги пробам пред да забременам“, изјави Ријана.

Пејачката вели дека се надева дека нејзината линија на долна облека „Savage x Fenty“ им овозможува на сите нејзини клиенти да се чувствуваат секси, откривајќи дека ѝ е важно никој да не се чувствува исклучено.

 

Реклама