Ријана во последниве денови промовира нова линија од својот бренд, а се шпекулира и дека планира да оди чекор понапред во врската со своето момче.
Магазинот „Forbes“ неодамна објави како Ријана службено е милијардерка, со дури 1,7 милијарди долари богатство, а „злобната девојка“ од светската музичка сцена нема намера да запре тука.
Последниве денови таа промовира нова колекција од својот моден бренд „Savage X Fenty“, а на социјалната мрежа Инстаграм објавила провокативни фотографии поради кои на многумина им го забрзала пулсот.
View this post on Instagram
„Штотуку објавено“, напишала кратко Рири покрај фотографиите на кои позира заводливо во долна облека. Во прв план се истакнати нејзините бујни облини, а 33-годишната пејачка за половина ден успеала да добие пет милиони лајкови.
Инаку, Ријана никогаш немала проблем со голите изданија, а во јавноста често се појавува провoкативно облечена.
Пред неколку дена почна да се шпекулира дека Ријана и раперот Асап Роки се вериле, но тие не се огласиле по тој повод.
Пред да влезат во љубовна врска, пејачката и раперот биле долги години пријатели, а интересно е тоа што првите гласини за тоа дека меѓу нив постои нешто повеќе се појавија уште во 2013 година, но раперот тогаш коментираше дека Ријана е секси, но дека на неа не гледа со такви очи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram