Риболовец едвај преживеа блиска средба со опасен предатор

Австралискиот рибар Филип Браун (24) за малку ќе останел без нога по грозоморниот напад од ајкула бик во неделата крај брегот на Квинсленд.

Тој за локалната телевизија изјавил дека почувствувал како ногата му се извртела и „му излегла“ додека се обидувал да избега. Во таа прилика потколеницата потполно му била растргната, а коленото изместено.

Google search engine

„Ајкулата ме држеше за ногата, па го грабнав мојот харпун, се завртев и ја забодев во горниот дел од главата“, се сеќава Филип, велејќи дека е среќен што е жив.

Веднаш ги повикал пријателот и внукот да му укажат помош откако претходно им наредил веднаш да излезат од водата.

Тој со остатокот од својата група со чамец се упатил кон копното од каде со камионет бил одведен до најблискиот медицински центар. Лекарите набргу оцениле дека повредата е толку тешка што бил префрлен во локалната болница каде му е укажана помош поради исчашеното колено и големата рана на поголем дел од потколеницата.

Биковите ајкули, кои се познати по својата агресивност, сакаат да пливаат во плитки топли води. Се смета дека тие се едни од најсмртоносните морски суштества одговорни за неколку напади ширум светот.

- АУДИО РЕКЛАМА -