Револуционерно откритие: Пронајден уникатен антибиотик на кој бактериите немаат одговор

Научниците открија единствен антибиотик добиен од почва, кој нуди надеж за иднината каде патогените микроорганизми ќе станат сè поотпорни на лекови.

Научниците открија потенцијален нов антибиотик, кловибактин, добиен од бактерии пронајдени во песочната почва во Северна Каролина, САД. Уникатниот начин на делување на овој нов антибиотик ги зголемува надежите за намалување на развојот на отпорност на лекови кај бактериите.

Google search engine

Кловибактин е откриен во лабораториите на “NovoBiotic”, фармацевтски стартап, и иако е во рана фаза, ветува како иден терапевтски лек.

Микробиологот Ким Луис од универзитетот “Northeastern” изрази оптимизам за откривањето на кловибактинот. „Мислам дека ова е крајот на патот во еволуцијата на отпорност на антибиотици“, изјавил тој. Студијата поврзана со ова револуционерно откритие беше објавена во списанието “Cell”.

Ова е особено значајно поради растечката криза на отпорност на антибиотици, која беше трета водечка причина за смртност во светот во 2019 година и се предвидува дека ќе придонесе за десет милиони смртни случаи годишно до 2050 година.

„Сепак, важно е да се остане внимателен. Ние сме на првиот чекор. Најважната работа за кловибактинот, покрај тоа што ветува како предводник во лековите, е тоа што го проширува нашето разбирање за антибиотиците и за тоа што е можно“, нагласи Луис.

Развивањето на нови антибиотици е предизвик, првенствено поради тоа што 99 проценти од бактериските видови не соработуваат лабораториските услови за раст. За да го решат ова, Луис и неговиот тим користеле техника која вклучува подолг период на инкубација со песочна почва. По три месеци се појавил нов бактериски вид “Eleftheria terrae carolina” од кој бил изолиран кловибактинот.

Како функционира кловибактин?

Бидејќи кловибактинот бил изолиран од бактерии кои претходно не можеле да се одгледуваат, патогените бактерии претходно не виделе таков антибиотик и немале време да развијат отпорност, објаснува Маркус Вајнгарт, хемичар од Универзитетот во Утрехт.

Кловибактин делува така што се врзува за молекулите на фосфатот во бактерискиот клеточен ѕид. Оваа уникатна и непроменлива цел го прави предизвик за бактериите да развијат отпорност. Иако овој механизам се однесува на еден аспект на отпорноста на антибиотици, тој не гарантира целосно спречување на отпорноста.

Тоа што ветува е дека кловибактинот веќе покажал ефикасност против инфекциите со бактеријата “MRSA” кај глувците и покажал нетоксичност за култивираните човечки лабораториски клетки. За време на овие експерименти не бил забележан отпор, што дава надеж за развој на долготрајни антибиотици.