Новиот „SUV“ на „Tesla“ со име „Cybertruck“ привлече огромно внимание од самиот почеток, како со дизајнот така и со технологијата, а најавено е дека ова „вселенско летало“ ќе почне да им се испорачува на купувачите во октомври оваа година.
Од електричниот пик-ап многу се очекува, а директорот на „Tesla“ Илон Маск неодамна на социјалната мрежа „X“ најави нова опција.

Зборувајќи за цврстината на каросеријата од не’рѓосувачки челик, еден фан на „Tesla“ се пошегувал на „X“ дека луѓето кои ќе се обидат да го изгребат „Cybertruck“ со клуч, ќе си го уништат клучот.

Илон Маск одговори, велејќи дека размислува за понуда со премаз од волфрам-карбид, кој би требало да биде отпорен на гребнатини за речиси сите материјали, освен за дијаманти.

Интересно, бидејќи и каросеријата од не’рѓосувачки челик исто така е отпорна на гребење. Премазот од волфрам-карбид е цврст, но е отпорен за на гребење.



