Рестораните полупразни, се јаде и се пие на улици: Вака Французите протестираат против ковид пропусниците (видео)

Голем број луѓе беа снимени како пијат кафе и ручаат на улиците во Франција, во знак на протест против воведувањето ковид пропусници за ресторани, кафулиња и други јавни простори.

На видеото се гледа како луѓето седат во групи на тротоари и на шеталиштата во Франција, додека бавчите на кафитериите или кафаните околу нив се претежно празни или полупразни.

Google search engine

Луѓето носеа ќебиња, пијалоци, но и корпи со храна, па поминуваат време со пријателите и семејството надвор од угостителските објакти.

Видеото е објавено на Твитер и привлече големо внимание.

Ова е Франција. Еве како луѓето со совест протестираат против зелените пасоши – пишува во описот на видеото.

Да потсетиме, илјадници француски демонстранти протестираа шест последователни викенди поради здравствените дозволи што ги наметна владата, а кои, како што рекоа, ги загрозуваат нивните слободи.

Пропусницата, која е проширена верзија на патната карта на Европската унија за ковид-19, стапи во сила во понеделникот (9-ти август) и е задолжителна за пристап до јавни простори.

Здравствената пропусница овозможува пристап до меѓуградски возови и авиони само за вакцинирани луѓе и луѓе кои можат да докажат дека имаат негативен тест за корона вирусот.

Пропусницата потврдува дека луѓето се целосно вакцинирани, дека имаат негативен тест за ковид-19 или дека неодамна се опоравиле од оваа болест, и предвиден е рок за здравствените работници да се вакцинираат до 15 септември или ќе бидат суспендирани.

Здравствената пропусница за ковид-19 сега е задолжителна за пристап до ресторани и кафулиња, културни и спортски настани и патувања.