Помошник на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, изјавил дека Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина.
Станува збор за модел на демилитаризирана држава со сопствена армија.
Тој напоменал дека се разгледуваат низа прашања поврзани со големината на украинската армија.
„Украина нуди австриска, шведска верзија за неутрална демилитаризирана држава, но истовремено и држава со своја војска и морнарица. За сите овие прашања се разговара на ниво на раководство на министерството за одбрана на Русија и Украина“, изјавил Медински за новинарите.
„Темата за денацификација на Украина останува на преговарачката маса“, изјавил Медински.
„Темата за денацификација и построго казнување за величање на нацизмот, неонацизмот, екстремизмот и натаму е важна точка на дневниот ред преговори“, изјавил тој, како услов на Москва.
„Потребна ни е мирна, слободна, независна Украина, неутрална, а не членка на НАТО, земја која е наш пријател и сосед“, изјавил тој.

Шефот на руската делегација Владимир Медински за целите на руските специјални операции во Украина и преговорите со Киев
„Буквално за секој број, за секоја буква во договорите се разговара со големо внимание затоа што сакаме ова да биде договор за наредните генерации. И нашите деца да живеат во свет чии темели се поставени на овој договарачки процес“.