Републиканците ја преземаат контролата над Претставничкиот дом

Според последните проекции, републиканците ќе ја преземат контролата над Претставничкиот дом.

Во следните две години тие ќе имаат можност да управуваат со долниот дом на Конгресот, додека мнозинството во Сенатот или Горниот дом го обезбеди Демократската партија предводена од американскиот претседател Џозеф Бајден, јавуваат агенциите.

Google search engine

Се предвидува дека републиканците ќе освојат меѓу 218 и 223 места во 435-члениот Претставнички дом, пренесува Ројтерс.

Бидејќи гласовите на некои изборни единици се уште се пребројуваат, конечните резултати можеби нема да се објавуваат неколку недели.

Неколку републиканци во Домот веќе рекоа дека имаат намера да го истражат Хантер Бајден, синот на претседателот, и да ги испитаат политиките на администрацијата за коронавирусот и јужната граница.

Пратеникот од Калифорнија, Кевин Мекарти, оваа недела беше номиниран од неговите колеги за следен претседател на Домот, највисока позиција во Конгресот и втор најмоќен во земјата.

„Горд сум што можам да објавам дека ерата на еднопартиско, демократско владеење во Вашингтон е завршена“, рече Мекарти по гласањето од партиското раководство во вторникот.

Во твит во средата вечерта, тој напиша: „Американците се подготвени за нова насока, а републиканците во Домот се подготвени да го остварат тоа“.

Во средата Бајден му честиташе на Мекарти за освојувањето на мнозинството во Претставничкиот дом. „Подготвен сум да работам со републиканците во Претставничкиот дом за да постигнам резултати”,рече Бајден.

Да потсетиме, демократите претходно ја освоија контролата врз Сенатот, обезбедувајќи 50 места со можност да добијат уште едно во вториот круг гласање во Грузија следниот месец,пренесе Телеграф.рс.