Рекордни 16 тони кокаин запленети на пристаништето во Хамбург

Германските царински службеници заплениле повеќе од 16 тони кокаин на пристаништето во Хамбург. Дрогата била сокриена во контејнери што допатувале од Парагвај.

Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа.

Реклама

– Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да донесе заработка од неколку милијарди евра – се наведува во соопштението на царинската служба за дрогата што била запленета на 12 февруари.

Во соопштението се додава дека во врска со шверцот на кокаинот, во Холандија е уапсен 28-годишен маж.

Реклама