Рекорден број на казнети возачи за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (20.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи.

Од нив 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Google search engine

Притоа, 465 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 488 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

- АУДИО РЕКЛАМА -