Рекол дека сите деца се негови, а потоа го уапсиле поради…

Богаташ познат како Убавиот Мајк, често на Инстаграм објавува детали од својот живот, кои, во најмала рака се необични. Овој пат, можеби се надминал и себеси.

Имено, тој бил еден од гостите на венчавка во Нигерија. Одлучил да се појави со шест трудници и изјавил дека сите носат негови деца. На профилот на Инстаграм, каде има околу 250.000 следбеници, ја споделил оваа вест.

„Ова не е никаков трик, само живееме прекрасно“, напишал тој покрај фотографијата.  

 

 

Пред три години, Убавиот Мајк (чие вистинско име е Мајк-Езе Нвали Нвогу), уапсен е поради тоа што дамите, со кои дошол на венчавката, ги шетал со ланец. Потоа, морал да потпише изјава дека нема да повторува постапки кои ги деградираат жените.

Тој и порано нагласил дека често има повеќе партнерки одеднаш.