Рекламата за Стопанската комора на Србија предизвика бурна расправа: „Ова наликува на најава за порно филм“

Промотивното видео на Стопанската комора на Србија го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи и предизвика бурна расправа.

„Бирај ги плодовите на нашата земја, нашето сонце, нашето небо, нашите луѓе – бирај повеќе од 600 мириси, вкусови, производи од Србија со ознаката ‘Чуваркуќа’“, гласи пораката која авторите на рекламниот спот сакале да ја испратат, но сè паднало во втор план бидејќи Србите на социјалните мрежи го споредуваат видеото со – порнографија.

Google search engine

Бакнеж помеѓу маж и жена, мед кој се слева на усни, девојка која гали мотокултиватор се само некои од сцените кои можат да се видат во рекламното видео.

„Ова е реклама за еротски филм?“, „Дали сте вие нормални? Ова наликува на најава за некој порно филм“, „Каква врска имаат овие кадри со 600 производи од Србија?“, се дел од коментарите под видеото на Јутјуб.

И под второто промо видео со иста тематика можат да се прочитаат слични коментари.

„Храна. Вино. Небо. Природа. Воздух. Мед. Земја. Наше. Моќно. Космичко!“, порачуваат од Стопанската комора во описот на видеото.