Рејтингот на Трамп нагло се зголеми по појавувањето на суд: повеќето републиканци сакаат тој пак да биде претседател

Американците се поделени околу кривичното гонење на поранешниот претседател Доналд Трамп, но се чини дека случајот ги зголеми неговите шанси да ја добие републиканската номинација во 2024 година, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена вчера.

Анкетата беше спроведена во средата и четвртокот, откако обвинителите во Њујорк во вторникот поднесоа обвинение против Трамп од 34 точки.

Google search engine

Истражувањето покажа дека 49 отсто од Американците сметаат дека е правилно обвинителите да го отворат првиот кривичен случај против американски претседател или поранешен претседател. Сепак, околу 84 отсто од оние кои се опишале себеси како демократи рекле дека обвиненијата се оправдани, а само 16 отсто од републиканците се согласија со тоа.

Околу 40 отсто од републиканците рекле дека тоа ги прави поголеми шансите да гласаат за Трамп во 2024 година, додека 12 отсто рекле дека тоа ги прави помали шансите да го поддржат. Други 38 отсто рекле дека сè што се случило со Трамп немало влијание врз нивното мислење.

Трамп води во трката за републиканска номинација со голема разлика, а 58 отсто од републиканците изјавија дека тој е нивниот омилен кандидат. Тоа е повеќе од 48 отсто во анкетата на Ројтерс и Ипсос објавена во понеделникот.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој не влезе во трката, беше втор со 21 процент.