Регулаторната комисија ќе ги објави барањата на компаниите за цената на струјата

Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните пресметки околу формирањето на новата цена на струјата. Деталите за тоа колкави трошоци поднеле компаниите од енергетскиот сектор од земјава до регулаторна, ќе биде соопштено во петок, вели за Алсат претседателот на регулаторна Марко Бислимовски.

Токму од тие трошоци зависи новата цена на електричната енергија која ќе биде оформена најдоцна до крајот на идниот месец, а ќе важи од август. Бислимовски засега не открива дали цената на струјата ќе расте или не, но е дециден дека нема да признава трошоци на компаниите кои не се во склоп на дејноста.

Google search engine

Од Државните електрани веќе посочија дека е можно да има минимално зголемување на цената на струјата, но оставаат за тоа последниот збор да го даде Регулаторна. ЕСМ учествува со 40 отсто во формирањето на цената за граѓаните и има дополнителна обврска да обезбеди 70 отсто од потребната струја која ја испорачува до граѓаните Универзалниот снабдувач.

Колкаво ќе биде поскапувањето ќе зависи од цената по која ќе биде продадено тоа количество на електрична енергија. Според информациите, од МЕПСО побарале двојно да им се зголеми сумата која ја добиваат од една платена сметка, со образложение дека лани биле во големи инвестиции..

Лани летото струјата поскапе за седум отсто.

ПретходнаФејсбук презема мерки против корисници кои шират дезинформации
СледнаПознати европски инфлуенсери добивале понуди да го оцрнат „Фајзер“