Речиси 60 проценти од починатите од Ковид-19 во Британија биле лица со инвалидност

Од вкупниот број смртни случаи од коронавирус во Велика Британија речиси 60 проценти биле лица со инвалидност, објави Националната агенција за статистика.

„Од 50.888 починати од почетокот на пандемијата до крајот на ноември минатата година, 30.296 се лица со попреченост“, се наведува во соопштението, пренесува Би-би-си.

Google search engine

Се посочува дека ризикот од смрт бил до трипати поголем кај луѓето со повисок степен на попреченост.

Националната агенција за статистика изјави дека лицата со инвалидност претставуваат 17,2 проценти од вкупниот број на заразени, но дури 60 проценти од починатите.