Realme GT 5G е официјално објавен на глобалните пазари

„Realme GT 5G“ беше официјализиран за глобалните пазари, три и пол месеци откако дебитираше во Кина. Телефонот, кој работи со чипсет „Snapdragon 888“, е претставен на меѓународниот пазар во две комбинации на меморија, а во Европа ќе се продава по почетна цена од 369 евра.

„Realme GT 5G“ ќе се најде во продажба од 21-ви јуни, а моделот 8 GB/128 GB ќе чини 369 евра во текот на првите четири дена од ексклузивната достапност на „AliExpress“. Моделот од 12 GB/256 GB ќе чини 499 евра на „Amazon“ за време на „Рrime Day“ до 22-ри јуни.

Google search engine

Откако ќе завршат овие промоции, цените на двете верзии на телефонот ќе бидат 449 и 599 евра, а ќе бидат достапни на сите поголеми трговци во Европа.

„Realme“ исто така ги носи своите паметни часовници во Европа – „Watch 2“ и „Watch 2 Pro“. Нивните цени ќе бидат 55 и 75 евра, а ќе бидат понудени на „Amazon“ од 16-ти јуни.

Конечно, тука е „Realme TechLife Robot Vacuum“, првиот „AIoT“ уред на компанијата од брендот „TechLife“. Оваа паметна правосмукалка има „LiDAR“ сензор за навигација и мапирање, функција за чистење и бришење „2 во 1“ и интелигентна технологија за прилагодување на површината. Цената на правосмукалката е 299 евра.

ПретходнаAвионот на Путин со кој пристигна во Женева: Луксузниот ‘Летечки Кремљ’ има дури и позлатен тоалет
СледнаПроблемите со хормоните решете ги со овие намирници…