Реакцијата на Кејт Мидлтон додека прави селфи со еден обожавател стана вирална на ТикТок

За време на нејзината посета на Kirkgate Market, Кејт Мидлтон ги воодушевила присутните со својот одговор кој му го упатила на еден од обожавателите.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, во рамки на својата нова кампања „Early Years“, го посетила маркетот Kirkgate во Лидс и во таа прилика бил снимен интересен момент помеѓу неа и еден од нејзините обожаватели.

Google search engine

Имено, откако завршила со посетата на маркетот, прошетала по улицата каде што биле нејзините фанови. Во еден момент, еден млад човек побарал селфи од принцезата, а таа се согласила.

Меѓутоа, додека го местел мобилниот телефон за да направи селфи со неа, раката му се тресела и се извинил поради тоа и рекол дека е навистина нервозен. Принцезата Мидлтон го прифатила извинувањето и рекла:

„Те молам, не грижи се. Во ред е, сите стануваме нервозни. Мило ми е, чувај се“.

Овој краток разговор помеѓу нив двајца објавен е и на Твитер, каде многу корисници на оваа социјална мрежа пишуваат само пофални зборови за принцезата.

Инаку, принцезата од Велс во вторникот ја претстави својата кампања „Shaping Us“, која има за цел да ја поттикне свеста за важноста на првите пет години од животот на детето, во кој треба да изградиме свет на поддршка и грижа и дека тоа позитивно се одразува подоцна во животот.