Кинеската компанија за паметни телефони која во последните неколку години се наметна на пазарот, подготвува паметен телефон кој ќе има камера од 200 мегапиксели.
Кога ISOCELL сензорот на Samsung стана првиот кој ја проби границата од 100 мегапиксели, токму Xiaomi беше првата компанија која го користеше, а сега така ќе биде и со првиот сензор кој ќе ја достигне границата од дури 200 мегапиксели.
Како и да е, сензорот со така висока резолуција сепак ќе мора да користи помали пиксели, во спротивно истиот ќе биде прилично физички голем. Овој сензор, според тврдењата на инсајдерот “Ice Universe” ќе има пиксели со големина од 0,64 µm.

Новиот сензор на Samsung би требало да има доволна резолуција за снимање на 16К видеа, но првиот процесор кој треба да го обработи сето тоа и натаму е „далеку“ од сегашноста. Најдобрите процесори се уште не можат добро да обработат 8К видео при 60 fps.