Пет Британци се меѓу повеќе од 200 лица ослободени во размена на затвореници меѓу Русија и Украина во текот на ноќта.
Ослободен е и еден Хрват, како и Виктор Медведчук, кој важи за близок пријател и кум на Владимир Путин.
Меѓу ослободените од заробеништво има и 108 борци од Азов и други формации, изјави шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.
Zelensky's official telegram account announces that SBU caught the fugitive oligarch and Putin's close friend Viktor Medvedchuk. Camouflage and all. pic.twitter.com/DkWa5xlOEq
— Christo Grozev (@christogrozev) April 12, 2022
Медведчук бил уапсен на почетокот на војната и обвинет за предавство, според украинските власти, пишува Њујорк Тајмс.
– Претседателот Володимир Зеленски даде јасна наредба да ги вратиме нашите херои. Резултат: нашите херои се слободни, рече Јермак во изјавата во средата навечер.
– Разменивме 200 наши херои за Медведчук, додаде тој.
Тој не ги објасни нивните идентитети, но висок украински воен функционер, кој сакаше да остане анонимен за да разговара за деталите за размената, рече дека меѓу нив има пилоти и високи руски воени офицери.
-Вкупно 215 херои. Размената штотуку е завршена. Ги носиме нашите луѓе дома. Ова е дефинитивно победа за нашата земја, за целото наше општество. И што е најважно – за 215 семејства кои ќе можат безбедно да ги видат своите најблиски. Се обидуваме да го спасиме секој Украинец. Ова е значењето на Украина, нашата суштина, тоа е она што не разликува од непријателот. Го цениме секој живот! И ние сигурно ќе направиме се за да ги спасиме сите кои се во руско заробеништво, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски на својот канал Телеграм.
Гардијан наведува дека биле ослободени и американски, британски, шведски, хрватски и марокански државјани.
Меѓу ослободените е и Хрватот Вјекослав Пребег. Тој веќе слета во Саудиска Арабија со авион со уште девет странски државјани.
– Министерството за надворешни и европски работи информира дека хрватскиот државјанин Вјекослав Пребег, заробен во април во Украина, денеска е ослободен, а утре ќе биде во Хрватска. Владата на Република Хрватска, заедно со Службата за надворешни работи, од првиот ден посветено работеше и соработуваше со украинските органи на ослободувањето на дезертерите, а тоа беше и тема на разговорот на премиерот на Р. на Хрватска, Андреј Пленковиќ, со украинскиот државен врв, при неговата посета на Украина во мај. Им благодариме на Саудиска Арабија и на престолонаследникот Мохамед бин Салман за нивната посветеност, како и на украинската страна за соработката и сесрдната помош во решавањето на овој случај, соопшти вчера Министерството за надворешни и европски работи.