Германската полиција разби педофилски ланец со над 400 илјади членови ширум светот и уапси тројца осомничени во Германија.
Членовите на една платформа преку таканаречениот „даркнет“ разменувале фото и видео материјал кој според соопштението на германските власти, содржел морничави содржини како што е сексуално злоставување на мали деца.
Полицијата во април ширум Германија извршила претреси во седум објекти и притоа биле уапсени три лица на возраст од 40 до 58 години кои се соочуваат со обвинение за организирано дистрибуирање на детска порнографија.
Четвртиот осомничен, после распишувањето на меѓународната потерница бил пронајден и уапсен во Парагвај и наскоро треба да биде екстрадиран во Германија.
Сите уапсени во Германија и Парагвај се германски државјани и според сознанијата на обвинителството во Франкфурт кое го води случајот, биле одговорни за техничкото функционирање на платформата на „Даркнет“.