Распродадени стотина експонати за шпионажа на КГБ на аукција во САД

Најскапиот експонат на аукцијата била женска ташна со украс во облик на мува.

Стотина експонати од Музејот за шпионажа на КГБ, кој е отворен во Њујорк на почетокот на 2019-та година, а престанал со работа со почетокот на пандемијата, се распродадени на аукцијата “Џулијенс” во САД, се наведува на сајтот на оваа аукциска куќа.

Google search engine

Најскапиот експонат на аукцијата била женска ташна со украс во облик на мува, во која е вградена скриена камера. Се очекувало дека конечната цена ќе биде две-три илјади долари, меѓутоа ташната е продадена за 32.000 долари.

Шпионска паричка со тајна преграда е продадена за 25.600 долари.

Сет женска козметика со вградена скриена камера на организаторите на аукцијата им донел уште 22.400 долари.

На аукцијата е понудена копија од чадор во кој е сокриен механизам со игла, а кој е предвиден за вбризгување на отров. Овој предмет е продаден за 19.200 долари.

Оригиналниот документ кој го напишал Ернесто Че Гевара, датиран во 1960-та година и кој содржи 60 страни, неименуван купец го купил за 16.000 долари.

Музејот, чиј кустос е Јулиус Урбајитис, со потекло од Литванија, е затворен во март 2020-та година поради пандемијата на коронавирусот. Подоцна било објавено дека е затворен засекогаш и дека неговите експонати ќе бидат продадени.