Раскинувањето во овие ситуации е неизбежно! 3 причини поради кои вашата врска не може да опстане

Раскинувањата секогаш се непријатна ситуација и шок, а многу често значат и доаѓање на лош период за едната страна.

Токму расправиите се поводот, но позади нив се крие главната причина, за која често не сме ниту свесни или избираме да не ја прифатиме.

Google search engine

Главните три причини кои доведуваат до емотивен крах се всушност многу јасни и едноставни.

1. Не сме научиле да се носиме со нашите различности

На почетокот, нашите разлики не доаѓаат до израз и воглавно сè е идилично и убаво. Како што поминува времето и се запознаваме, доаѓа до тоа секој од нас да има некоја мана, лоша навика или едноставно се разликува од останатите, бидејќи не постојат двајца идентични луѓе. Кога ќе сфатиме дека не сакаме баш сè кај партнерот, се разочаруваме и доаѓа до конфликт. Не сакаме да се соочиме со проблемот и бараме префрлање на вината на другата страна. Ова е најчест вовед во раскинување или развод.

2. Не посветуваме доволно време и внимание на врската

Велат дека времето е важен фактор во сè, а во врската уште поважно е вниманието. Некои парови со текот на времето престануваат да одвојуваат време за себе и со тоа го нарушуваат односот, доаѓа до разделување и оддалечување. Повеќе не ги прават работите што ги правеле претходно, а она што било вообичаено да го прават заедно, сега е минато.

3. Недостаток на баланс, бараме премногу промени од едната страна

Компромисот е основа за секој однос. Никако не можеме да бараме, ниту да очекуваме дека е во ред само едната страна да се труди и менува. Тоа можеби може кратко да функционира, но во еден момент ќе дојде до заситување и раскинување, бидејќи никој не се чувствува убаво додека се труди залудно.

Во некои случаи, едната страна губи надеж дека нешто може да се промени, додека другата страна верува дека врската може да биде сочувана.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.