Раскина еден од најмистериозните парови на Холивуд: Беа 6 години во врска, а ниту еднаш не се појавија заедно на црвениот тепих

Иако својски се трудеа да ја сокријат својата врска во последните 6 години, јавноста дозна за нивната љубов.

Неизбежно, се дозна и дека Тејлор Свифт и Џо Алвин раскинале, дискретно (за јавноста) токму и како што се сакаа.

Google search engine

„ET“ пишува дека американската пејачка и британскиот актер се разишле пријателски, без драма.

„Врската тргна по тој пат. Тоа е причината поради која Алвин не беше забележан на ниту еден нејзин настап“, додал изворот, додека „Page Six“ пишува дека парот раскинал пред неколку недели.

Ваквата вест следеше откако пред само неколку недели се појавија контрадикторни приказни за нивната врска, за што пишуваше „People“.

„Џо ќе патува со неа на турнеја кога ќе може. Тие се супер заедно. Тој ја поддржува нејзината кариера“, раскажал тогаш извор, но потоа во меѓувреме се случил пресврт.

Тејлор и Џо беа во врска од 2016 година, а таа во своите бројни песни ги изразуваше емоциите кон Британецот со кој започна да се забавува откако раскина со Том Хидлстон.

Поранешните партнери се трудеа што повеќе да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста. Џо во 2018 година за „Vogue“ призна дека постои голема љубопитност во јавноста во врска со неговата романса со Свифт.

Иако со години беа во врска, двајцата никогаш не се појавија заедно на црвениот тепих. Џо заедно со Тејлор пишуваше музика под псевдонимот Вилијам Боуери на нејзините 3 последни албуми: „Folklore“, „Evermore“ и „Midnights“.

Пејачката минатата година демантираше дека тие се вериле, а Алвин во интервју за „Wall Street Journal“ истакна: „Ако имав по една фунта секој пат кога ќе ми кажеа дека сум се верил, би имал многу пари. Вистината е дека тоа никогаш не би го потврдил ниту демантирал“.