РАШКОВСКИ: Парите на децата им се заштеда од родендени и од мекиците

Почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица беше одложено денеска поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска

Неговата одбрана се жали на доказите, за кои Рашковски вели дека се прибрани на незаконски начин. Тој тврди дека не стекнал средства на незаконски начин и дека се што поседува сега, поседувал и пред да биде генерален секретар. 

Google search engine

Тој рече дека има плус 20 докази и дека има и нови сведоци меѓу кои и поранешниот министер Наќе Чулев, кои, како што рече ќе ја докажат целата постапка

На прашањето од каде парите на децата, тој рече дека тоа се негови средства.

„Нити има хациенда нити ништо. Станува збор за купен плац, купен од мои средства, од кредит и тие средства потекнуваат од пред да станам генерален секретар. Плацот е купен со обезбедување мое  од момент кога не сум бил функционнер. Кога станав функционер не влегов без средства. Не постои разлика во мојот имотен лист освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени, мекици. Децата имаат само заштеда од нивните роденднени, а се друго што поседуваат е мој имот. Се вулгализира целата работа, се сум имал и пред да станам генерален секеатар, рече тој.

Додаде дека на своте картички уплаќал пари кои му биле дадени од Владата, откако ќе потрешел свои паи за патувањата во странство за хотелите или за наточеното гориво.

ПретходнаШто се крие зад бизарниот тренд во кој девојките во бикини скијаат на снег?
СледнаМеси се врати во Барселона: Уловен заедно со Чави и двајца поранешни соиграчи