Ракометарот на „Бутел“ Денис Тот се бори за живот откако бил претепан вчера

Од клубот за МИА потврдија дека тој се наоѓа во критична состојба и дека е претепан. Од МВР најавуваат детали за денеска

Хрватскиот ракометен интернационалец од клубот „Бутел“ Денис Тот се бори за живот во една од скопските болници, откако бил претепан вчера во Скопје, јави МИА.

Google search engine

Од клубот потврдија дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали.

Според неофицијалните информации, Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.

За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија.

„Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи“, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.

Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот.