Работи кои никогаш не треба да ги пребарувате на „Google“

Google е најкористениот пребарувач на светот, но некои работи едноставно не треба да ги пребарувате на интернет.

Списокот кој што ќе го прочитате настанал врз основа на искуства на други корисници, а мора да се согласиме дека секогаш е полесно да учиме од туѓуте грешки.

Реклама

Работите кои што никогаш не треба да ги пребарувате на интернет ги составила екипата на „Reddit“, а тоа се следните:

1. „Fournier“

Иако тоа е презиме на НБА кошаркарот Еван, не треба да го пребарувате без да стои името пред него. Неговото презиме е стар француски збор за пекара, но и име на вид гангрена која што ги зафаќа гениталиите. Предупредени сте, не сакате тоа да го видите.

2. Крокодил

Наизглед збор за животно, но тоа е и жаргонски назив на Десоморфин, дериват на морфиум со моќни опојни својства кој што се користи како замена за хероин во Русија и Украина. Таа дрога може да ви ја „свари“ кожата и да предизвика инфекција на ткивото и разни оштетувања на местото на кое што е вбризгана. Позната е како „дрога која што јаде месо“, а името го добила по тоа што изгледа како крокодилската кожа.

3. Омилената храна

Тука нема ништо грозно. Освен што ќе бидете гладни кога ќе ги погледнете совршените фотографии од јадењата.

4. Ларва која се развива во устата (mouth larva)

Како што пренесува некој корисник на „Reddit“ тој пребарувал обична ларва, но здогледал нешто навистина гадно.

5. Google

Кога ќе пребарате Google, повторно ќе добиете Google. Доколку сте меѓу оние кои што на местото на URL полето пребаруваат Google за да стигнат до пребарувачот, заштедете си време. URL полето, само по себе е пребарувач.

6. Својата е-меил адреса

Можеби ќе се исплашите кога ќе видите на кои места сте ја оставиле. Доколку се плашите дека сте хакирани, тоа може да го проверите на страницата „haveibeenpwned.com“.

7. Харлекинова ихтиоза

Станува збор за тешка генетска болест каде што децата се раѓаат со бели „плочки“ на кожата помеѓу кои има пукнатини. Поради пукнатините нивната кожа е подложна на инфекциии и потребна ѝ е постојана нега. Болеста некогаш знае да биде и смртоносна.

Реклама