Шефот на руската држава истакнал дека “ОДКБ” го покажал својот потенцијал и способност брзо да делува.
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјавил дека настаните во Казахстан не се ни прв ни последен обид за надворешно мешање во внатрешни работи на државата и дека во текот на нередите, како што рекол, била користена “мајданска технологија”, вклучувајќи и информатичка поддршка.
Путин на вонредната седница на Советот за колективна безбедност “ОДКБ”, одржана во форма на видео конференција, рекол дека се искористени “добро организирани групи милитанти”, кои, како што оценил, “се очигледно обучени во терористички кампови во странство”.
“Нивниот напад на Казахстан во суштина е чин на агресија и на тоа беше неопходно да се реагира без одложување”, истакнал Путин, пренесува “RIA Novosti”.
Додал дека е јасно дека нередите во Казахстан не се спонтана акција поради поскапувањето на горивото.
“Закана по државноста на Казахстан не претставува спонтаниот протест поради цените на горивата, туку фактот дека надворешни и внатрешни деструктивни сили ја искористија ситуацијата”, рекол Путин.
Истакнал дека настаните во Казахстан не се ни прв ни последен обид за надворешно мешање во внатрешните работи на државите од “ОДКБ”, но дека мерките кои таа организација ги преземала покажуваат дека нема да се дозволи дестабилизација на ситуацијата во државите членки ниту сценарио на таканаречени “шарени револуции”.
Путин додал дека силите на ОДКБ ќе бидат во Казахстан додека претседателот на таа држава смета дека има потреба за тоа, а дека, по извршувањето на задачите, контингентот ќе биде повлечен од земјата.
Шефот на руската држава истакнал дека ОДКБ го покажал својот потенцијал и способност брзо да делува.