Путин со драматична порака: Само Оваа година во Русија се спречени 32 атентати и терористички акции – Во Центар

Годинава во Русија се спречени 32 терористички напади. Ова го соопшти претседателот Владимир Путин по повод професионалниот празник на безбедносните сили.

Владимир Путин извести за значително намалување на терористичката закана во Русија во последните години, пренесува БНР.

Google search engine

Повеќе од 200 терористички напади се спречени во последните 11 години. Бројот на терористички злосторства во овој период е многукратно намален. Во првите 11 месеци од годинава спречени се 61 вакво кривично дело, од кои 32 терористички напади.

Од приоритетите пред службите Путин ги издвои работата на контраразузнавањето, борбата против корупцијата и заштитата на државните граници.

Нашите граѓани очекуваат од вас нови успеси во борбата против екстремизмот. Ова е директна закана за единството на Русија. Мора да се запрат сите манифестации на ксенофобија, социјална и верска омраза, рече тој.

ПретходнаПристигнува вакцината на „Новавакс“ – направена е со помош на стар и проверен метод
СледнаОва е втората сопруга на Еди Рама за која многу малку се знае, одат во различни цркви, но таа е неговата голема љубов