Рускиот претседател Владимир Путин во последно време се обидува да влее надеж кај своите граѓани, уверувајќи ги на тој начин дека воведените санкции се повеќе штетни за Западот отколку за самата Русија.
Западните санкции замрзнаа повеќе од половина од резервите на Русија, што е околу 600 милијарди долари.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во една прилика призна дека никој не се надевал и не можел да ја предвиди силата на санкциите што беа воведени.
Сепак, Путин го подготвува својот народ долгорочно. Во анализата што ја направи , Си-Ен-Ен издвои четири начини на кои Путин сака да докаже дека Русија може нормално да функционира без оглед на санкциите.
"There is a feeling, especially in the Russian government, that they're going to turn the corner and then there will be a monster," says @elinaribakova. "And they just don't know when exactly that monster is going to eat them up." Read more from @CNN: https://t.co/UeFJWCJ1zP
— CNAS (@CNASdc) April 26, 2022
1. Редизајн на Лада
Руската култна домашна марка на автомобили од советската ера отсекогаш се потпирала на увезени делови. Автоваз, кој ја произведува Лада, е во сопственост на францускиот производител на автомобили Рено. На 24 март, како одговор на веста за заминувањето на Рено од рускиот пазар, Автоваз најави редизајн на неколку модели за што помалку да се потпира на увезените делови. Компанијата не откри кои модели ќе бидат, но во е-поштата што ја добиле од CNN се наведува дека тоа ќе бидат “само голем број автомобили од минатото”.
2. Привлекување корисници на Инстаграм во мрежата Вконтакте
Инстаграм до неодамна беше најдобрата социјална мрежа во Русија. Вконтакте, руската домашна верзија на Фејсбук, беше втора. Од инвазијата, а особено откако рускиот регулатор за комуникации го прекина пристапот до Фејсбук и Инстаграм минатиот месец, Вконтакте прави се за да ги привлече корисниците на својата платформа.
Putin is trying to prove that the West's economic counter-offensive isn't hurting. Here's how the country is scrambling to live with sanctions.https://t.co/X7PDsCMkab
— CNN (@CNN) April 22, 2022
Компанијата се откажува од провизии за која било монетизирана содржина до крајот на април и нуди бесплатна промоција за секого.
Сопствените податоци на Вконтакте покажуваат дека ова може да функционира. Месечните корисници достигнаа рекорд од над 100 милиони во март. Според Brand Analytics, Instagram изгуби речиси половина од своите активни корисници на руски јазик во периодот од 24 февруари до 6 април.
3. Домашни кредитни картички
Русија се подготвува за финансиска изолација откако некои од нејзините најголеми банки беа погодени од санкции по анексијата на Крим во 2014 година. На некој начин тоа се исплатеше. Рускиот национален систем за платежни картички и системот на банкарски картички изграден врз него, познат како “Мир”, пораснаа експоненцијално.
Според податоците на руската централна банка, повеќе од 113 милиони Мир картички биле издадени во 2021 година, во споредба со вкупно 1,76 милиони на крајот на 2016 година. Минатата година, околу една четвртина од сите плаќања со картички во Русија биле направени на Мир картички.
Владата нареди вработените во јавниот сектор, пензионерите и сите оние кои примаат бенефиции да ја користат Мир картичка.
Ова значеше дека кога Visa и Mastercard на почетокот на март објавија дека ги прекинуваат трансакциите и операциите во Русија, веќе постоеше алтернатива. Сепак, Мир работи само во Русија и во неколку други земји, главно поранешни советски држави. Тој недостаток на глобален дострел, исто така, го попречи обидот на Русија да изгради алтернатива на SWIFT, меѓународниот платен систем. Неговата верзија, позната како SPFS, имаше само 400 учесници минатата година, наспроти 11.000 на SWIFT.
Top story: 4 ways Russia is trying to prove it can live with sanctions – CNN https://t.co/VH8flRJ0fN, see more https://t.co/Zi7fDUcgyk
— CESAR (@_846021165045) April 23, 2022
4. Работни места во јавниот сектор
Масовната невработеност, според Елина Рибакова, заменик главен економист на Институтот за меѓународни финансии во Вашингтон, сè уште не се појавила во Русија, но тоа е една од работите од кои Кремљ најмногу се плаши.
Градот Москва се обидува да го надмине потенцијалниот проблем со невработеноста преку програма за преквалификација и вработување на луѓе кои порано работеле во западни компании, од кои многумина ја прекинаа својата работа во Русија.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин верува дека се во прашање до 200.000 работни места. Решението, според неодамнешниот пост на неговиот блог, е да им се даде на работниците кои се оставени зад себе нешто корисно да направат.
Опциите што ги наведува вклучуваат работа за водење на официјални документи како пасоши и изводи од матичната книга на родените, работа во еден од градските паркови или во привремени здравствени центри што градот неодамна почна да ги поставува. За отворање на овие работни места и за преквалификација на работниците се издвоени 41 милион долари.
Русија досега успеа да опстане без колапс на нејзиниот финансиски систем. Тоа е главно благодарение на централната банка, која веднаш ги зголеми каматните стапки на 20 отсто и воведе строга контрола на капиталот. Сепак, според ММФ, економијата може да се намали за 8,5 отсто оваа година. Колапсот може да биде уште поголем доколку Европа го забрани увозот на руска нафта.
Друг клучен ризик, велат експертите, е зависноста на Русија од увезени производи – од кои многу сега се под санкции. На Кремљ можеби му е потешко на нив да им се спротивстави отколку на макроекономските мерки.