Путин има специјалното копче на масата? Секогаш му е при рака кога разговара, а сега се откри што прави (видео)

На 17 ноември, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со претседателот на Узбекистан Шавкат Мирзијоев, му честиташе за реизборот и рече дека високо ги цени неговите достигнувања.

Телевизијата Русија 1 направи репортажа за овој настан, а најголемо внимание на гледачите привлече мистериозното копче што Путин го притисна за време на разговорот со претседателот Мирзијоев.

Google search engine

На гледачите им беше прикажан извештај за средбата на рускиот лидер со неговиот узбекистански колега Шавкат Мирзијев.

Излегуваат снимателите, додека соседната маса се подготвува за долг разговор… Има посебно копче на масата пред претседателот, објасни новинарот. На видеото го гледаме Путин како го притиска копчето, а новинарот додава дека тоа е сигнал во собата да дојде личен асистент на претседателот на Руската Федерација, кој може да му донесе освежување или да направи нешто друго за време на средби со високи службеници.

Тој додаде дека претседателот тоа го користи за да повика помошник или да побара да им се донесе чај.

Покрај овој систем,за повикување на помошниците, со Путин е секогаш и обезбедување кое има право да инсталира и користи хардвер и софтвер од секаков вид за прислушување, да врши претреси, да има пристап до која било зграда и организација или да заплени кое било возило доколку е потребно за претседателската безбедност.