Путин и Бајден утре ја остваруваат најавената средба, се знае и која е главна тема на разговорот

Рускиот претседател, Владимир Путин во вторник ќе разговара за украинското прашање со американскиот претседател, Џо Бајден, јавуваат западните медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, преку видео-врска зборуваше за деталите за средбата помеѓу двајцата лидери, Путин и Бајден, која ќе се одржи утре.

Google search engine

Според него, средбата нема да се пренесува во живо, а двајцата лидери ќе разговараат за прашањата и спроведувањето на договорот постигнат на 16 јуни во Женева, Швајцарија.

Секако дека ќе се разговара и за билатералните односи кои се во лоша ситуација. Двајцата лидери ќе разговараат за актуелните прашања. Меѓу нив се тензиите во Украина, движењето на НАТО кон нашите граници и иницијативата на Путин во однос на безбедносните гаранции – изјави Песков.

- АУДИО РЕКЛАМА -