Путин денеска одговара на повеќе од 1,2 милиони прашања, ова е најпопуларната тема

Граѓаните на Русија досега пратиле повеќе од 1,2 милиони прашања за рускиот претседател Владимир Путин за ТВ програмата “Директна линија” во која претседателот одговара на прашањата на граѓаните, пренесува ТВ каналот “Русија 24”.

До 9:05 часот по Московско време, примени биле повеќе од 1.256.048 прашања, од кои 658.183 прашања преку кол-центарот.

Google search engine

Исто така пратени биле 331.070 прашања преку СМС или ММС, 129.336 преку веб страна и 103.972 преку мобилната апликација “Москва-Путин”, пренесува “Tass”.

Уште 33.487 прашања биле примени преку социјалните мрежи.

Вакцинацијата и борбата против ковид-19 се најпопуларните теми, забележува каналот “Русија 24”.

Програмата “Директна линија” со Владимир Путин ќе биде одржана денеска.

Според прес-службата на Кремљ, секој може своите прашања да ги достави преку посебна мобилна апликација која овозможува директна видео врска со студиото во кое ќе биде Путин.