ПУКАНО ВО АВИОН НА КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС? Оштетениот авион слета на аеродромот во Сараево!

Авионот на Кроација ерлајнс кој синоќа слета во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје.

Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје.

Google search engine

За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек, јавуваат федералните медиуми. „По добиената информација дека редовната контрола на авионот на аеродромот во Сараево, кој допатувал со лет од Загреб, покажала оштетување на трупот на авионот, што можеби е предизвикано од куршум од огненото оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на БиХ побара истрага, истражен тим, во присуство на службеници од Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“, се вели во соопштението.

ПретходнаЕден од најмоќните медиумски тајкуни се разведува од сопругата на 91-годишна возраст
СледнаНОВИ ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГА: Роднина на Марко Месар работел за Кавачкиот клан, откриено е кој му бил цел во Белград?!