Пукање во Приштина: убиено едно лице, во автомобил со македонски таблички

Доцна синоќа во Косово е убиено лице во автомобил со македонски регистарски ознаки, објавија косовските медиуми. Како што се наведува, се работи за македонски државјанин, Блерим Даци.

„Жртвата Блерим Даци бил застрелан со огнено оружје околу 20 часот. Тој бил пронајден мртов во неговиот автомобил, кој бил со регистрација на Република Македонија, пишува порталот Индекс онлајн.

Google search engine

Според информациите на полицијата во текот на оперативните дејствија подалеку од убиството најден бил и запален автомобил кој го користеле осомничените вмешани во случајот.