ПУКАЊЕ НА ПОПОЛАРНА ПЛАЖА ВО ХРВАТСКА: Маж бил застрелан и починал на пат кон болница

Околу 6 часот утринава во полиција било пријавено дека едно лице е рането од огнено оружје во Колањски Гајец на Паг, во месноста Катарелац.

Станува збор за една од плажите покрај популарниот Зрќе.

Google search engine

На местото на инцидентот биле испратени полициски службеници, а набрзо во полициските простории било приведено лице поврзано со наведениот настан.

Повредениот починал во брзата помош на пат кон болница.

Полицијата го приведе осомничениот.

– Околу 6 часот добивме дојава дека едно лице е рането од огнено оружје во Колањски Гајец на Паг, во месноста Катарелац. На местото на настанот се испратени полициски службеници, а набрзо во полициските простории било донесено лице поврзано со инцидентот, соопштија од полицијата.