Првото полугодие банките направиле добивка дури 29,7 милиони повеќе од лани!

Целиот банкарски сектор го завршил првото полугодие со нето добивка од 74,2 милиони евра, а првото полугодие од минатата година вкупната нето добивка била 44,5 милиони евра, или 29,7 милиони евра помалку од сегашниот профит.

Ова се најновите податоци од НБРМ за успехот на банкарскиот сектор.

Google search engine

Она што може да се забележи од податоците е дека и покрај значителните отстапувања во однос на вкупната нето-добивка, нема такви разлики во вкупните приходи што ги реализирал банкарскиот сектор од нето-камати и од нето провизии и надоместоци.

Имено, заклучно со 30.06.2021 година, нето приходите од каматите биле 123,7 милиони евра, а лани, заклучно со првото полугодие тој износ бил помал само 1,7 милиони евра, односно изнесувал 122 милиони евра. Приходите добиени од нето провизиите и надоместоци (како разлика меѓу трошоците што ги наплаќа банката и таа што тие ги плаќа) на крајот од првото полугодие збирно изнесувал 43,7 милиони евра, а лани за првите 6 месеци по овој основ биле собрани 36,6 милиони евра.

Но, големи разлики има во однос на расходната ставка – „загуби поради оштетувања – исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за потенцијални кредитни загуби од вонбилансна изложеност). Оваа ставка лани за првите 6 месеци била 52,5 милиони евра, а годинава изнесувала 38,8 милиони евра.

Секако, врз податоците влијание има и фактот дека лани, заклучно со првото полугодие се уште работеше Еуростандард банка.

Во однос на трите најголеми банки – Стопанска Банка АД СкопјеКомерцијална Банка и НЛБ Банка, чиј пазерен удар е половина од банкарскиот сектор, извештаите на Берзата покажуваат дека заедно оствариле вкупна нето добивка од 49,7 милиони евра, а лани, во првото полугодие нето-добивката била 39,2 милиони евра.

Најголема добивка од „големата тројка“, за 6 месеци остварила НЛБ банка – 18,4 милиони евра, а минатата година добивката и била 11,5 милиони евра. Приходите на оваа банка се остварени од нето-камати од 23,7 милиони евра и од нето-провизии од 9,5 милиони евра.

Втора по остварени добивки е Стопанска банка. Банката во првото полугодие од 2021 година остварила нето-добивка од 17,8 милиони евра, односно 2,2 милиони евра повеќе од ланското прво полугодие. Годинава од камати оваа банка има 30,7 милиони евра, а од провизии и од други надоместоци 6,4 милиони евра.

Комерцијална банка за 6 месеци е во добивка од 13,5 милиони евра, а лани, во истиот период имала добивка од 12,2 милиони евра. Шестмесечните нето-камати за оваа година и се 19,2 милиони евра, а од нето-провизии 8,5 милиони евра.

Биланс на успех на цел банкарски сектор – состојба 30.06.2021

Извор: НБРМ