Британскиот принц Хари ќе добие функција во фирмата за животен тренинг и ментално здравје „BetterUp Inc.“, извести вчера „Wall Street Journal“, а медиумите веќе почнаа да се занимаваат со тоа колку принцот би можел да заработува.
Првата работа на принцот Хари откако го напушти кралското семејство би можела да му донесе плата до 2 милиони фунти годишно, смета Колин Пламондон, инвеститор на апликација со седиште во САД.
Пламондон мисли деа Хари на клиентите ќе им биде многу интересен поради својот статус, па му предвидува заработка од половина милион до два и пол милиони фунти годишно.
Се очекува Хари во новата улога да учествува во иницијативите – како одлуки за стратегии на доделување на добротворни прилози, па јавно ќе преговара за третманите поврзани со менталното здравје.
„BetterUp“, компанијата во која што Хари се вработи не одговорила на прашањата за својот нов вработен.
Претходно овој месец, во телевизиското интервју кај Опра Винфри, Хари и Меган го „фрлија“ кралското семејство во најголемата криза од 1997 година, односно од времето на смртта на принцезата Дајана, мајката на Хари и неговиот постар брат Вилијам.